Соновите можат да бидат добри и лоши, еднолични и шарени, секојдневни и надреални… Caras Ionut е 36 годишен човек кој сака да сонува со отворени очи. За него не е невобичаено да танцува на необични места или да запее на улица, смета дека јавниот простор е создаден како место за изразување, а не ограничување. Го сака животот, неговото семејство и сака да патува, а пред 10 години ја открил и својата страс за фотографијата и дигиталната уметност.
„Фотографијата Ви овозможува да видите нешта кои другите луѓе не можат да ги видат.“
Како што можете да забележите Ionut користи Фотошоп во својата работа. Понекогаш дури и првичните фотографии не се негови туку превземени и со мало „уредување“ им дава други концепти: надреални, секојдневни, магични… Погледнете за што станува збор.