Три наслови, два чинители, една едиција.
Милион контроверзности.
Издавачката куќа Ars Libris овој месец започна со нова едиција под насловот „Женски исповеди – Тајниот живот на лидерите“, која што од 14.11.2014 е достапна ексклузивно со Вест, со доплата од само 200 денари во сите продажни места на МПМ. Ако Ви се допаѓа политичкиот трилер општо како жарн – размислите уште еднаш. Не е сеедно да се читаат мемоари, биографии или романи посветени на големите политичари и јавни политички личности кои живееле во едно друго време; наспроти соочувањето со застрашувачките животни стилови на едни од најголемите имиња во современата политика. Ни помалку, повеќе: туку, раскажани преку искуствата на нивните сопруги.
- „Харемот на Гадафи“ од Аник Кожане првата книга од оваа едиција, којашто ја раскажува приказната на Сораја. Сораја не е како повеќето тинејџерки на светот: наместо на својата полуматура, таа треба да мисли како да не биде уште еднаш силувана од обожаваниот либиски претседател.
- „Падот на Берлускони“ како втора во едицијата, потпишана во коавторство на Леонардо Коен и Паоло Колонело ја проследува полициската истрага што почнува со обична кавга на проститутки на 5 јуни 2010 година, а завршува со разоткривање на оргијастичните бунга-бунга забави на италијанскиот премиер и неговата неотповиклива оставка од функцијата.
- „Карла Бруни и Никола Саркози“ од Валери Бенаим, Ивен Азеруал и Софија Капоне е последната, трета книга од оваа едиција која пружа увид во заткулисните приказни на најпознатиот француски пар и обид да се одговори на често поставуваното прашање: како една девојка со реномето на Бруни (чија листа на поранешни партнери ги вклучува и Мик Џегер и Ерик Клептон) станува првата дама на Франција?