Доколку ви недостасуваат идеи каков украс да додадете во вашиот дом за претстојните празници, ние ви претставуваме еден интересен лустер кој можете лесно да го направите сами. Чипкастиот изглед ќе му даде посебна топлина и ќе го облагодари просторот. Вистинско уживање за празниците. Потребни ви се само балон, чипка, лепак и креативност.
Подготовка:
1. Купете голем балон со подебела текстура во форма на круг и надувајте го.
2. Чипката која сте ја одбрале како мотив добро натопете ја и зелепете ја за балонот со лепак за тапети.
3. Заврзете го балонот и оставете го да се исуши во текот на ноќта. Можете и уште еднаш да го поминете со лепак за поубаво да се залепи.
4. Кога балонот ќе се исуши, дупнете го со игла, извадете го и засечете го малку отворот за да може да протнете кабел и сијалица.
5. На крај, отворот кајшто сте ставиле сијалица зашијте го со бел конец.