Дамата која секогаш изгледа беспрекорно окрива неколку трикови за совршен изглед.
Во разговор со Elle, славната актерка откри 4 навики од кои не се откажува и додаде дека со себе секогаш си носи црвен кармин и крем за лице.
Секси поглед
„Најмногу сакам “smokey eyes”. Го сакам тој контраст на ладните тонови на сива, сина и кафеава боја со црн туш за очи. Водете сметка четкичките за шминкање да се суви, ако сакате поприроден изглед на сенката, или да бидат малку влажни, ако сакате поостри линии.”
Повеќе е ок
„За време на снимањето на кампањата за Dolce and Gabbana, соработував со Pat McGrath која ми ја истапира косата, ми стави впечатлив црвен кармин, а за очите одбра smokey сенки. Прво мислев дека е премногу и дека ќе изгледам смешно, но правилото дека кога ги нагласувате очите не треба да ги нагласувате усните и обратно не важи секогаш.”
Моливче за совршени усни
„Често ставам моливче за уста пред да ставам кармин. Избегнувам коректор околу устата бидејќи така карминот брзо се брише.”
И минимална шминка е добра за на црвен тепих
„Немам секогаш време да ме шминкаат и да ме средуваат за на црвен тепих. Затоа често сама се шминкам, а задолжително ставам маскара, крем, бронзер и руменило.”