Ви го претставуваме 55-годишниот Slavik, „најмодерниот“ бездомник од Украина. Личност која и покрај сите тешкотии со кои се соочува во животот и фактот дека нема свој покрив над главата сепак позитивно гледа на животот и секое утро се труди да го пронајде убавото во денот. Украинскиот фотограф Yurko Dyachyshyn е воодушевен од Slavik и создава збирка од 100 фотографии насловена како „Модата на Slavik“.
„Slavik е различен од другите бездомници. Тој не претура во кантите за ѓубре, скоро никогаш не носи иста облака, што е многу чудно за еден бездомник. Редовно пие алкохол, најмногу пиво, но не е алкохоличар. Има свое тајно место за криење, но не ја кажува неговата локација. За него не постојат машки и женски алишта, тој облекува се што некој би му го дал. Во текот на две години се среќававме повремено, јас го фотографираф, а тој ме научи дека среќата е во најмалите работи.“