Есенските и зимските празници се сè поблиску. Сигурно и оваа година подготвувате свечена трпеза и ги пречекувате најблиските. Воедно сакате сè да биде совршено и да се покажете во најдобро светло, но не сте сигурни како правилно да ја поставите масата. Ние решивме да ви го покажеме вистинското решение.
Иако постојат различни начини на поставување на маса во зависност од пригодата, ваквиот начин е скоро секаде прифатен и со сигурност нема да погрешите доколку го примените.
По желба, освен приборот за јадење и пиење, можете да додадете и некоја интересна вазна со есенско цвеќе, декорација од сезонско овошје како јаболко или тиква, да запалите свеќи и секако, да ставите салфетки во боја која ќе одговара на амбиентот.
Направете ваква интересна декорација со јаболка, совршена за овој период од годината и изненадете ги вашите гости.