Секој фотограф има свое омилено нешто за фотографирање. Американскиот фотограф Sam Elkins на својот пиедестал ги става планините, но тоа не значи дека не фотографира ништо друго. Тој е во постојана потрага да пронајде соодветен простор за фотографирање низ планините, патиштата и езерата на Америка. Ги обожава „бесконечните“ пејсажи кои ја доловуваат моќта и убавината на природата, со или без магла. Погледнете за што станува збор и можеби и Вие ќе добиете инспирација да ја фотографирате природата.