Денес, се навршуваат 193 години од раѓањето на Фјодор Михајлович Достоевски. Авторот на „Злосторство и казна“, „Идиот“, „Понижени и навредени“, како и многу други, големиот Достоевски е роден на 11 ноември, 1821 година во Москва – во негова чест, споделуваме еден маркантен цитат и неколку од неговите најголеми дела, прикажани во прилог.
„Да се проучува значењето на човекот и значењето на животот – јас сум направил значителен напредок во тоа. Јас имам верба во себе. Човекот е мистерија: ако го потрошите целиот свој живот обидувајќи се ја открите, тогаш не се осудувајте себе дека сте го потрошиле своето време залудно. Јас се опседнав со оваа мистерија, затоа што јас сакав да бидам човек.“
– Фјодор Достоевски, од лична коресподенција (1839)