Децата – најмалите, најмилите, најневините… постојана инспирација на уметниците. Предизвик е на било кој начин да се документира нивната невиност и нивното детство. Детството поминува, но остануват спомените. Спомени кои и возрасните ги прават деца во тело на возрасен, им даваат сила да го разберат животот на најдобриот начин – начинот на децата, бидејќи само тие ја имаат моќта да пронајдат светла точка во мракот, причина за насмевка во моменти на тага. Затоа негувајте го и Вие детето во Вас.
Karina Kiel е фотограф со седиште во Сочи, Русија и со душа на дете. Децата се хероите во нејзините фотографии преку кои таа навлегува во светот на бајките и ја храни својата креативност. Нејзините уметнички дела не водат назад во нашето детство, во нашите најсреќни моменти и не потсетуваат на детето кое живее некаде во нас. Погледнете за што станува збор.