Париз – градот на светлината или градот на љубовта, уметноста или модата. Инспирација на многу уметници во минатото и денес. Досега постојано Ви ја претставувавме убавината на градот и стилот на парижанките, но овојпат благодарение на американскиот фотограф Gail Albert Halaban „ѕиркаме“ во домовите на жителите на Париз.
Halaban е самопрогласен „пријателски набљудувач на прозорци“ кој патува во Париз на покана на списанието Le Monde.
„Со фотографиите ги поврзувам соседите, нивните прозорци и животи создавајќи заедница против осаменоста…“
И пред да помислите дека ова е нарушување на приватноста да напоменеме: Halaban побарала дозвола од сопствениците на домовите пред да ги фотографира.