Националниот историски музеј во Лондон веќе половина век организира годишни натпревари за најдобри фотографи на дивиот свет. Почнувајќи од 1964 година, на тој натпревар се пријавувале најдобрите фотографи ширум светот. Оваа година во категоријата Млади фотографи на дивиот свет, категорија која ги опфаќа фотографиите на фотографи до 17 годишна возраст, победничката титула му припадна на Carlos Perez Naval – девет годишно момче од Шпанија.
Родителите на Карлос се неуморни патници кои сакаат на своето дете да му го претстават светот, но тој смета дека не мора да оди во далечни земји за да создаде прекрасни фотографии. Започнал да фотографира кога имал само 4 години и мора да признаеме дека ја заслужува оваа награда.