Принцезата на принтовите, грчката дизајнерка Mary Katrantzou ги разигра облеките и патиките на adidas Originals, дизајнирајќи спортски парчиња со своите шарени дигитални принтови, инспирирани од патиките за трчање на Adidas. Фустани со А линија, хеланки без шавови, спортски bomber јакнички и шарени патики се само дел од парчињата од оваа весела капсулна колекција која ќе биде пуштена во продажба од 15ти ноември.