Како што времето станува се постудено, така се ближи и 31ви Октомври. Еуфоријата за Halloween започна уште минатата недела на социјалните мрежи, било тоа да се рецепти за колачиња. креативни костуми, идеи за декорација на домот…
Со денешниот Направи сам проект, ги предизвикуваме сите креативци (како и секогаш), но најмногу оние кои имаат деца од раната училишна возраст. Посветете им внимание и разбудете ја нивната креативност со правење на интересни и слатки декорации. Тие ќе ги паметат овие есенски моменти и едвај ќе чекаат празникот да дојде.
Само се доволно неколку фотографии за да се разбуди инспирацијата во Вас. Во прилог можете да погледнете неколку идеи кои внимателно ги селектиравме.