Здраво, те сакам – кажи како се викаш?
Се викам Урбана зебра на Ирина Тошева!
Дали знаете што е дефиција на младост? Сите оние кои во возрасни рамки, но – и во широчина на дух знаат да излезат од комфорната зона во секојдневното урбано сивило. Млада и акредитирана, дизајнерката Ирина Тошева вчера ја претстави својата последна колекција на јубилејното издание на FWSK, каде главната инспирација е воочливата и естетски вметната зебра. Порше Македонија вчеравечер, за времетраење на ревијата на Тошева, поддржана од My;Time пленеше со младешки дух, вперени погледи, накит-часовници, уникатни креации со принтови и бели акценти во следната дефиниција: памук, волна, сомот; со употреба на сива и тегет основа, дополнета со живоста на розовите и зелени тонови. Како и многупати досега, Тошева упати кон идивидуалноста како симбол, порачувајќи дека „колекцијата е наменета за оние кои се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат одвнатре.“. Колекцијата понуди широка палета на женски и машки модели, со неверојатно прецизна изработка и подготвеност лесно да се вклопат во имиџот на оние што знаат да ја препознаат истата. И да не чекаат зелено светло за да ја прошетаат урбаната зебра!
Строгиот крој и потешките ткаенини беа совршен баланс на певливиот ремикс на Марија Каева, односно на песната „Здраво, те сакам“. Кругот на дизајнерката продолжи во Concept 37, каде што колекцијата доживеа своја есктензија поради паното со зебра-принт, достапно за фотографирање.
* Фотографиите се преземени од официјалната fun page на Fashion Weekend Skopje.
* Divian Arts e медиумски покровител на FWSK 2014.