„Се плашам од денот кога технологијата ќе ја потисне човечката интеракција. Тогаш светот ќе има генерација идиоти.“
Алберт Ајнштајн
Во последно време се почесто наидуваме на реченицата „паметните телефони создадоа глупави луѓе“. Ние нема да коментираме на таа тема, но ќе се свртиме кон нешто друго што го предизвикуваат паметните телефони. Тие се убијци на комуникацијата очи во очи. Неоспорен е фактот дека токму тие мали уреди ни го олеснуваат животот, но постојат ситуации кога да не беа тие луѓето ќе немаат друг избор освен да комуницираат, а сега едноставно – телефонот во рака и не разговараат меѓусебно.
Бидете искрени кон себе и одговорете си на прашањето: Колку пати сте посегнале по својот телефон преправајќи се дека правите нешто важно само за да избегнете некој разговор? Одговорот сигурно не е ниту еднаш, па затоа запрашајте се и колку значајни работи сте пропуштиле „зјапајќи“ во екранот? За жал одговорот на второто прашање не го знаете.
Babycakes Romero е уличен фотограф кој сака да го документира светот околу него преку фотографиите. Фотографирајќи речиси се што го опкружува, заклучува „вистинскиот разговор е мртов“. Погледнете дел од неговите фотографии и ќе сфатите зошто го вели тоа.
Можеби овие фотографии ќе Ве натераат да размислите двапати пред да посегнете непотребно кон Вашиот телефон. Не сакате и Вие да бидете причинител на смртта на комуникацијата очи во очи, зар не?