Уметникот Airan Kang, кој потенкнува од Северна Кореја, создава неверојатни реплики на книжевни корици кои видно се разликуваат од класичниот изглед на истите. Имено, станува збор за користење на транспарентна синтетичка смола и диоди, кои се доработени со зборови и апликации и кои на крајот резултираат со неверојатен, луминисцентен изглед на книгите во една неверојатна серија на неонски книги кои испуштаат раскошно обоени светла. Kang како творец на оваа серија, со својата визија цели кон видливоста и акцентирањето на старите добри навики на читателите и привлекувањето внимание кон книжарниците и библиотеките.