Повеќето жени сакаат лакирани нокти. Ако сами си правите маникир, сигурно најголем проблем ви е долготрајноста на лакот. И кај ефтините и кај скапите лакови нема голема разлика за тоа кој колку трае. Затоа, следете ги овие неколку златни правила и ќе забележите разлика уште веднаш.
Чистење, па лакирање
Ако имате обврски во дено- чистење, средување на плакарот, миење садови и сл., најдобро е да ги завршите, па потоа да се лакирате. За понатаму во текот на неделата, носете ракавици за да ги заштитите ноктите.
Користете лак- база
Пред да ставите лак во боја, нанесете база или безбоен лак кој го продолжува траењето на лакот до 2 недели. И откако ќе се излакирате можете повторно да ставите ваков лак. Така ќе има најголем ефект.
Избор на боја
Одберете боја која што нема да биде многу впечатлива, како беж, или друга посветла нијанса. Така, и кога лакот ќе почне да ви се лупи на врвовите, нема многу да се познава.
Почекајте додека да се исуши
Бидете стрпливи додека се суши лакот и не правете ништо барем дваесетина минути. Откако ќе се исуши, ставете ги ноктите под млаз ладна вода бидејќи така лакот се зацврстува, а со тоа и подолго трае.
Користете масло
Купете хранливо масло за нокти и редовно негувајте ги. Ноктите ќе бидат здрави и убави, а и лакот нема брзо да се вади.