Животните можеби не можат теоретски да Ви објаснат што значи семејството, но затоа практично со одредени свои постапки докажуваат дека многу добро знаат што значи тоа. Тоа е доказ дека и животните имаат чувства, знаат што е љубов и семејство, меѓусебна поврзаност и заштита. Можеби не се во состојба да позираат за своите семејни фотографии, но сепак многумина фотографи успеале да направат прекрасни семејни фотографии од животните.
Домашни миленици или припадници на дивината, големи или мали, сите животни имаат своја убавина, своевидна топлина и место во природата. Ви претставуваме листа на најдобрите семејни фотографии од различни видови животни направени преку објективите на различни фотографи.