Прекрасна, оригинална, креативна фотографија на Hardi Budi, фотограф од Индонезија. Совршена претстава на вљубена двојка; различни интереси, потреби, но како две парчиња од една сложувалка – постојано надополнувајќи се еден со друг. Љубовта не значи постојан поглед еден кон друг, туку постојана поврзаност меѓу две срца овојпат претставена на комичен начин преку списанија на кои „тие“ меѓусебно се гледаат.