5 правила кон кои треба да се придржувате за време на појадокот.
Внесете најмалку 8 грама растителни влакна
Влакната долго ќе ве држат сити и нема да морате да јадете грицки сè до ручекот.
Појадувајте веднаш штом станете
Искористете го потенцијалот на организмот да согорува масти и појадувајте најдоцна еден час откако ќе станете наутро. На тој начин, избегнувате напад на глад во подоцните часови.
Повеќе протеини, помалку шеќери
Слатката храна е примамлива за прв оброк, но не е баш најпаметен избор. Има повеќе калории, а дава помалку енергија, па затоа најдобро би било да ја замените со намирници богати со протеини, како јајца и пецива од цели зрна житарици.
Водете сметка за големината на порцијата
Појадокот треба да биде доволно обилен за да ве засити, но не треба да се претерува. Не би требало да внесете повеќе од 350 калории за појадок.
Никогаш не го прескокнувајте појадокот
Општо познато златно правило кое е особено важно доколку сакате да изгубите некое кило. Квалитетниот појадок ќе ве засити доволно за да внесувате помалку храна во останатиот дел од денот .