На 27ми ноември, 1895 година – Алфред Нобел ја потпишува својата последна желба во завет, давајќи најголем дел од своето богатство на серија награди со едно име: Нобелова награда. Како што е опишано во неговиот тестамент, Нобеловата награда е посветена на „оние кои треба да создадат во областа на литературата најистакнати дела во идеална насока“, како и за многу други благородни достигнувања. Досега, доделени се 107 Нобелови награди за литература, од 1901 година па се’ до денес (освен во 1914, 1918, 1935, 1940, 1941, 1942 и 1943 година поради статутот на Нобеловата фондација, каде што стои дека „ако ниедно од делата што се разгледуваат нема доволно значење според што е наведено во првиот став, тогаш паричната награда ќе се чува до следната година“. Тоа се случува најчесто помеѓу двете светски војни).
Нобеловата награда за литература 2014 му е доделена на Патрик Модиано, со посвета „за уметноста на меморијата, со која тој предизвика најмногу човечки судбини и го откри живиот свет на окупацијата“. Францускиот историски автор е истовремено и романсиер, чии дела се најчесто фокусирани врз нацистичката окупација на Франција. Неговиот профил е опишан како „Марсел Пруст на нашето време“.
Модиано го победи обожуваниот Харуки Маруками во оваа трка. Овој 69 годишен писател живее и работи во Париз, каде што е и роден.