Живееме во стресно време кога сè е на трчање и во брзање. Често брзото темпо знае да се одрази на лицето и телото. Кожата станува уморна и без сјај, се појавуваат повеќе брчки, а во некои случаи и отоци. Со овие 3 едноставни пилинзи за тело ќе го вратите сјајот на кожата и потполно ќе ја освежите.
Пилинг од кафе
Во 2-3 лажички мелено кафе додајте една лажица маслиново масло. Пилингот нанесете го на телото, од стапалата нагоре. Не само што ќе ги отстраните мртвите клетки, туку и ќе ги намалите отоците на местата каде што се акумулираат течности.
Пилинг од шеќер
Шеќерот добро го поднесуваат сите типови кожа, а бидејќи ја впива влагата, одличен е за хидратација на кожата. Се препорачува и за испукани усни. Некои дерматолози сметаат дека шеќерот има позитивно влијание на косата. Ставете една лажичка шеќер во регенераторот и нежно втријте во темето на главата. На крај, исплакнете со вода.
Пилинг од сол
Поради својата текстура, солта е можеби најгруб пилинг. Не се препорачува за лице, но има одличен ефект на телото. Солта ги уништува мртвите клетки и истовремено ја подобрува циркулацијата. Следниот пат кога ќе се туширате, измешајте една рака морска сол со купката за тело и со нежни движења измасирајте го целото тело.