И покрај тоа што Photoshop на портрети често се смета за лош потег, сите некогаш сме се прашале како би изгледале ние ако некој ни го „среди” лицето на оваа толку позната програма. Фотографот Scott Chasserot направил еден експеримент за да докаже колку луѓето (не) се задоволни со надворешниот изглед. Имено, тој фотографирал неколку луѓе на различна возраст, а потоа нивните слики ги средувал на Photoshop. Додека траел овој процес, тие гледале што прави и како им ги менува цртите на лицето, а истовремено Scott ги подложил на испитување на активноста на мозокот и забележувал во кој момент се најсреќни со нивниот изглед според нивните реакции. Погледнете колку многу измени се потребни за еден човек да биде сосема задоволен од тоа што го гледа. Идеалната верзија е таа десно.