Brigitte Bardot е олицетворение на убавината, икона на стилот, инспирација на многумина, идол на многу генерации. Таа го започна трендот наречен „мачкести очи” и докажа дека и без многу шминка жената може да биде кокетна. И денес постојат илјадници видеа како да се нашминкате како Brigitte, како да направите фризура каква што носела и сл. На нејзиниот 80-ти роденден, ја славиме нејзината женственост и сето она што таа претставува. Погледнете некои од најлегендарните изгледи на оваа незаборавна актерка.