Убава кожа, прекрасна коса и безгрижен шарм се белези на жените од Париз. И секако, тука е неизбежниот парфем. Парфемот е можеби лична работа, но има врска и со културата. Кратка прошетка низ улиците на главниот град на Франција е доволна за да се увериме дека уметноста на парфемите таму е присутна отсекогаш. Сигурно постојат парфеми кои се нашле на тоалетната масичка на секоја парижанка во одреден период. Еве дел од нив, од легендарните „најфранцуски” женски парфеми.
Chanel no. 5 (1921)
Парфем кој ја пренесува идејата за женственост и кој едноставно морате да го пробате, барем еднаш во животот.
Cacharel Anais Anais (1978)
Цветен, нежен и невин- идеален за млади девојки.
Guerlain Shalimar (1925)
Легендарен француски парфем. Се чувствува низ цел Париз- во театар, на концерт, во ресторан…
Yves Saint Laurent Opium (1977)
Вистинска мода во шишенце.
Kenzo Flower by Kenzo (2000)
Ориентален и класичен, со мирис на кармин.
Chanel Coco Mademoiselle (2001)
Скоро секоја жена го имала во одреден период. Шик и елегантен- олицетворение на француските дами.