„Културата на возење велосипед тука започна околу 1990. Немаше никаков транспорт, немаше ништо, само велосипеди. Продолжи така уште некоја година, а потоа полека почна да се губи, бидејќи немаше делови, тркала… Но сè уште има многу луѓе што користат велосипед секојдневно.”
Вака жителите на Havana, Cuba ја објаснуваат традицијата на возење велосипед кај нив. Иако нема места каде што се продаваат делови за велосипед, самите луѓе со својата креативност и издржливост се снаоѓаат. Некој знае да смени гума, некој прави делови од разни други стари предмети, секој како знае и умее само за да се продолжи возењето на две тркала низ Хавана. Погледнете како се живее таму и каков однос имаат овие упорни луѓе кон своето омилено превозно средство.