Се убедуваме самите себе дека животот би бил подобар кога ќе стапиме во брак, кога ќе добиеме дете, па уште едно дете. Исфрустрирани сме затоа што децата не се доволно големи, сметајќи дека ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа, исфрустрирани сме затоа што немаме работа, дека сигурно би биле посреќни кога би ја имале. Си велиме дека животот би ни бил комплетен кога нашиот партнер ќе се опамети, кога ќе купиме убава кола, кога ќе бидеме во можност да отидеме на убаво патување.
Правата вистина е дека не постои подобар момент за среќа од овој момент. Ако не сега, тогаш кога?
Вашиот живот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии. Најдобро е тоа да си го признаете себеси и секако да одлучите да бидете среќни. Среќата е правиот пат. Затоа чувајте го секој момент кој го имате, и чувајте го уште повеќе затоа што сте го поделиле со некој посебен, доволно посебен да би го поминале времето со него…..И запомнете: времето никого не чека.
Затоа престанeте да чекате…
Да ја отплатите колата
Да купите нова куќа или автомобил
Да продолжите да студирате
Да ги завршите студиите
Да изгубите 10 кг
Да се здебелите 10 кг
Да се ожените/омажите
Да добиете деца
Да дојде лето
Да дојде пролет
Да дојде зима
Да дојде есен
Нема подобар момент за среќа од овој. Среќата е пат, а не цел.