Сместувањето е еден од клучните фактори за совршен одмор и бегање од секојдневието.
Во прилог следуваат едни од најубавите хотели во светот, кои нудат релаксација, мир и добар поглед.
Conrad Maldives, Rangali Island
Сместен на два поврзани острови, овој хотел располага со подводни куќи кои се исклучиво направени од стакло. Амбиентот е исклучително воодушевувачки, со прекрасен близок поглед на морскиот свет. Пријатни вечерни оброци, неверојатната глетка пред спиење, дефинитивно го релаксира умот и гарантира добар сон.
Astarte Suits Hotel, Greece
Сместен во Santorini, овој хотел нуди комплетна спа-услуга и огромен базен под отвореното небо. Секој апартман располага со балкон, кој има поглед на бескрајното разбранувано море.
Овој хотел е уникатен, удобен, практичен, а сепак раскошен. Направен во облик на мали стаклени игла, кои нудат прекрасен поглед кон небото, каде аурората танцува грациозно.
Hotel Ubud Hanging Gardens, Indonesia
Хотелот е сместен на совршена локација, блиску до најпопуларните туристички места како Jaang, Dalem Segara и Satung. Прекрасната природа наоколу ги буди сетилата. Посета на полињата со ориз, мостот од бамбус, како и вулканот Batur е повеќе од задолжителна.
Dedon Island Resort
Овој хотел, сместен на островот, нуди акомодација во совршен амбиент направен со добар вкус. Лежалките даваат слика на удобност, раскош и релаксација. Совршени за гледање на ѕвезденото вечерно небо, или пак читање на добар авантуристички роман под топлото сонце.
Panchoran Retreat, Bali
Овој хотел нуди врска со природата. Направен главно од дрво, тој лесно се вклопува во природната средина. Секоја соба е посебно дизајнирана за да се почувствува слободата на природата. Можеме да речеме дека е дури и тешко да се издвои ентериерот од екстериерот.
Rayavadee Krabi, Thailand
Лоциран на плажа во Krabi, овој хотел нуди 100 удобни климатизирани соби, врвни спа-третмани, тениско игралиште, како и добро-снабден бар.
Ladera Resort, St. Lucia
Покрај добрите спа-третмани, убавиот двор, раскошниот базен, удобните дрвени лулашки, овој хотел нуди прекрасен поглед на Pitons.
Äscher Cliff Restaurant, Switzerland
Нити еден друг хотел не може да ви овозможи подобар поглед на Алпите од овој. Покрај зимската сезона, престојот во хотелот е погоден за пролетни прошетки, летни планинарења и есенски фотографирања на шарените шуми.