Ако погледнете одблизу на работата на дизајн-студиото House of Ismay, тогаш ќе воочите дека најчест облик е животинскиот. Навистина чудно, затоа што нивната креативна работа се базира врз инспирацијата од класичните книги, така што не тера да се запрашаме… дали сите класични автори навистина пишувале за животни, или нивната своевидна ономатопеја премногу го доближува човекот и неговите страсти кон животинскиот свет?
Избор на стара класична книга, нажалост исечена во форма, со соодветен акцент на соодветното дело до создавање на минималистички брош. За на сако, чанта, наметка – дали и Вам Ви делува дека Пајажината на Климентина и Животинска фарма имаат ист главен лик?