Што е љубов? Пронаоѓање на сродна душа на прв поглед, или пак, вљубување во сите негови/нејзини несовршености? Колку пријатни и непријатни емоции повлекува со неа? Односно, некој што навистина Ве сака гледа колкав хаос може да направите, колку нерасположени може да бидете, колку тешки сте за справување и колку багаж носите со себе… но, тој/таа навистина Ве сака во својот живот и радо ќе Ви помогне да се отпакувате.
Оригиналниот наслов на оваа анимација е “A quoi ca sert l’amour”, краток анимиран филм со интересна француска музика којшто ќе Ве насмее и разнежни инстовремено. Маж и жена се заљубуваат – штом се заљубат, каков љубовен хаос ги очекува?