Едно од суштинските значења на модерното живеење каде што се функционира под правилото „цел живот се учи“ е надополнето со нужната сопственост на планер во кој ќе ги имате сите информации, организирани на едно место. Со самото тоа што планерот станува дел од Вашето секојдневие, убаво би било истиот убаво да изгледа… ако одлучите да го реализирате денешниот Направи сам предлог, тогаш Вашата еднобојна папка ќе добие нов лик.
Потребно Ви е:
– папка
– самолеплива хартија
– ножици
– металик спреј
– весник
Од самолепливата хартија исечете тенки ленти и истите залепете ги врз папката. Играјте си со линиите и создадете интересен дизајн. Поставете го весникот за да не го уништите подот или масата врз кои работите. Врз папката нанесете спреј во неколку слоеви и оставете да се исуши. Одлепете ја самолепливата хартија и исполнете го Вашиот нов планер со Вашите листи, документи, потсетници…!