Станот е простран, со едноставен, но многу модерен дизајн, кој се базира на белата боја и природните беж и кремасти нијанси, суптилно разиграни со колоритните акценти во црвена, зелена и сина боја. Топло дочекува во блескавиот ентериер полн со светлина и свежина, рефлектирајќи спокој во хармонично уредените катчиња. Богатите дрвени допири, елегатните линии и класичниот мебел му даваат современ изглед, со минималистичка и софистицирана нота. Дневната соба, кујната и трпезаријата се обединети во една отворена целина, која е мошне пријатна за живеење, за што во огромна мера придонесуваат деталите во ведри тонови и големото количество на сончева светлина која продира од прозорците. Дополнително е облагородена со топлите дрвени подови, како и малубројните, но ефектни украси кои му даваат шарм на просторот. Ѕидниот декор го сочинуваат впечатливи црно-бели фотографии, кои одлично се вклопени во целокупниот амбиент на зоната за дневен престој. Нежната тема не изостанува ни во двете лежерни спални соби, а особено во бањата која воодушевува со релаксираната атмосфера и комфорот кои ги нуди. Толку едноставно, а толку прекрасно и со стил!