Некаде помеѓу времето за одмор и планирање на времето за одмор постои мала нишка сонување којашто Ве води на едно поубаво место. Место каде што ќе се чувствувате опуштено безбедни, вратени во таа добра детска ера на безгрижност и дневно сонување. Што ако Ве кажеме дека можно е да го вратите тоа добро чувство? Со денешниот Направи сам проект не само што ќе се обидете да го достигнете навидум недостижното, патем ќе се ослободите од некои непотребни, стари ќебиња во домот…
Потребно Ви е:
– стари ќебиња или материјали, по можност со интересни дезени
– 6 дрвени штици, на кои ќе направите дупчиња на врвот
– јаже, за затегнување
– ножици, за да исечете долги ленти од материјалот кои ќе ги додавате напоредно на штиците
Ако помисливте дека ова е шега, дозволете си да бидете дете уште еднаш. Место за спиење, за читање, за раскажување приказни. Бидете пријател на Вашето дете, внуче, помало братче или сестричка. На крајот, ќе Ви недостасува само удобен душек и многу, многу перничиња. Овој индијански шатор нека биде Вашата мала оаза во домот каде што ќе се одморите по долгиот работен ден!