„Earth Hour“ или „Часот на планетата“ е светско движење организирано од Светскиот фонд за природата (WWF) се со цел да се сврти вниманието кон животната средина. Започнува во 2007 година со настан за гасење на светлата во Сиднеј, Австралија. Оттогаш во истиот настан се вклучуваат повеќе од 7000 градови во светот.
Настанот се оддржува низ целиот свет секоја година при крајот на март и неговата цел е да се поттикнат поединците, домаќинствата и бизнис заедниците да ги исклучат светлата на еден час. Оваа година „Часот на планетата“ е закажан за 29 март, од 20:30 до 21:30 часот.
Покрај многуте поддржувачи на „Часот на планетата“ е и Durex со нивното видео окарактеризирано како глобален повик за будење. Видеото дава посебен приказ на влијанието кое технологијата го има врз односите меѓу луѓето, па повикуваат: ИСКЛУЧЕТЕ СЕ, ТРГНЕТЕ СЕ ОД ЕКРАНОТ ЗА ДА ГО ПРЕГРНЕТЕ МРАКОТ. ВИДЕТЕ ПОМАЛКУ ЗА ДА ПОЧУВСТВУВАТЕ ПОВЕЌЕ.
Поддржете ја акцијата, изгасете ги светлата на 29 март, од 20:30 до 21:30 часот и уживајте во темнината. :)