Скокоткање на апетитот: тимот на Proximity BBDO Paris со своите креативни вештини денес ни го привлекоа вниманието поради еден, практично неоспорлив, факт. Фактот се состои во тоа дека ниту едно живо битие не може да остане на имуно на квалитетно прикажаниот процес на создавање слатки, без притоа да не почувствува несогорлива глад. Видеата кои ќе ги погледнете подолу се создадени по нарачка на кафетеријата Carte Noire од Париз, која се соочува со огромна конкуренција во градот каде што кафето и слатките се перцепираат како божество.
Готвење на слатки и подготвување на кафе кое оди во една од петте комбинации, патем комбинирано со компонирање, моделирање и оригинални фото и видео записи – истражување на просторот помеѓу аудиото и визуелното, со гламурозен печат, визија на благосостојба, неверојатна арома и себичност при првото видување на видеата во прилог…