Патувањата, историјата и уметноста ја поттикнуваат креативноста.
Хип-хоп танцувачот Kapstand направи несекојдневна серија на фотографии наречена The OneHandStand Project. На фотографиите тој стои исправен на едната рака без воопшто да се помрдне, техника позната како freezing.
Фотографиите се направени на најпосетуваните туристички места во Париз. Kapstand започнал со својата серија седум месеци откако се преселил во Париз од северно-источна Франција. Бил инспириран од фотографите како Murad Osmann кој е заслужен за Follow Me серијата и сакал да остави свој уникатен уметнички-потпис. Бејк-денсерот никогаш не го покажува своето лице пред камерата и преферира секогаш да остане анонимен за да го креира просторот околу себе како простор на мистерија.
Иако повеќето од фотографиите се направени во Париз, Kapstand се надева дека ќе го збогати својот проект на глобално ниво. Ние се надеваме на вакви серијали од Лондон, Њу Јорк…
Les Colonnes De Buren
Centre Pompidou