Некои би рекле дека креативноста и умешноста на уметниците произлегува од генетиката, други веруваат дека тоа е резултат на средината во која живеат и времето кое го посветуваат за сопствена надградба. Останатите пак мислат дека магијата на уметноста што ги опкружува уметниците е она што им помага својата идеја да ја преточат во уметнички дела.
Уметноста е култура
За уметникот, Yiannis George Bellis, кој бил одгледан од самохрана мајка, со вкоренета љубов кон грчката култура, секојдневните животни обврски се ремек – дело сами за себе. Инспирација за Yinnis претставуваат неговите иновативни соништа, длабочината на природата и неговите секојдневни задачи.
За сликите кои нема да изгледаат како што планирал, Yiannis ги смета за нешто посебно, како акти на свесното: „Нема грешки при сликањето.“
Уметноста е живот
Домот на Yiannis е вистинско продолжување на неговата љубов кон уметноста. Опкружен со уметнички дела во својот дом му помага да расте како уметник. Кога човек е потиштен, тој ја сфаќа важноста на уметноста. Ѕид без уметничко дело е празен и безживотен ѕид. Погледот кон неговите слики го прави среќен и задоволен.
Страста е несоница
Страст … Ве одржува во ноќта, прави да заборавите дека сте гладни, Ве прави среќен кога ќе се разбудите наутро и создава чуден ритам на работа на Вашето срце, ритам кој Ве потсетува дека сте живи. За Yiannis, уметноста е едно нешто во овој непредвидлив свет што го одржува истиот во синхронизација и ритмичка усогласеност. Методите со кои работи Yiannis вклучуваат: пожар, вода и пинг-понг топки, и секогаш постои план за неговато дело. Всушност, Yiannis има над 1400 слики создадени надвор, некои на салфетки, а други изгребани во Moleskine тетратки, во неговиот телефон, а повеќето се чуваат безбедно во првите редови на неговата глава.
- “Сакам луѓето да бидат среќни будејќи се секој ден со моите слики, исто како денот кога ги купиле. “
Погледнете дел од неговите дела.
Ова е последното дело на Yiannis, на кое што работи повеќе од 14 часа.