Уште едно time-lapse видео, овојпат за прекрасната скандинавска земја Норвешка. Земја на фјордови, планини и езера. Земја во која живеат едни од најсреќните луѓе на планетата. На авторите на видеото кои работат под името Rustad Media им требале 5 месеци и илјадници фотографии за да го добијат овој краен производ. Нивната цел е да ги прикажат сите убавини и особености на сите области и делови од Норвешка, во лето и зима, преку ден и навечер. Има многу причини поради кои вреди да се посети оваа земја, а во продолжение уште повеќе ќе се уверите дека Норвешка навистина има што да понуди.