Ако барате нешто стилско и скапо, тогаш денешниот предлог за библиотека нема да Ви се допадне – но, ако барате нешто удобно каде што акцентот е ставен само на книгите, тогаш Tree House на Mjolik Architects е совршен избор за Вас. Сместена во Чешка, оваа мала куќичка има само два елементи: област за читање и мини-трем… Прозорците и покривот се само неопходен дел од истата.
Цената на целиот монтажен проект е $8000, додека истиот може да се порача било каде на планетата Земја. Ќе забележиме дека тоа не е куќа од соништата, но за библиофилите може да претставува мини-рај во нивниот двор. Креативно и практично, кое може да Ви послужи како Направи сам идеја!