Постојат домови кои доволно е да ги погледнете, за да заклучите дека во нив живее креативна личност. Еден таков, шармантен, интересен и нетипично уреден е мини станот на стилистката Johanna Laskey, кој со своите 51 мeтри квадратни крие толку слатки изненадувања, што е вистинско освежување за сите вљубеници во скандинавските ентериери. Нејзиното атрактивно живеалиште во Стокхолм е уште една потврда дека малите димензи не се ограничување ниту за естетиката, ниту за функционалноста во станбениот простор, доколку одлучите во него да ги одразите личниот стил и сета креативност која ја поседувате. Иако е преполн со шарени ситници кои стилистката ги поседува во голем број, не делува ни малку кичесто и претенциозно, туку напротив – изгледа многу уметнички и разиграно, со младешка шик нота. Бела бојата и светлината совршено ги нагласуваат атрактивните детали во јаки бои, а чистите линии и зелените билки внесуваат смиреност и лежерност во просториите. Многубројните винтиџ парчиња мебел и старите дрвени подови му даваат симпатичен ретро шарм на станот, а спојот на црната и белата боја дополнително ја зачинува играта со контрасти. Во вакво катче е лесно да се вљубите на прв поглед: погледнете ги фотографиите и почувствувајте ја љубовта!