Денот на меѓународната солидарност на жените, во нивната борба за економска, социјална и политичка еднаквост што се слави на 8ми март, стана своевидна симболика за славење на денот на мајките. Како уникатен начин да ѝ покажете на Вашата мајка колку ја сакате, Ви предлагаме интересна Направи сам честитка која може да брои онолку фотографии колку што сте деца дома…
Потребно Ви е:
– хартија во боја
– ножици
– лепило
– жица
– фотографии
Чекорите се непотребни за опис, затоа што фотографиите во прилог ќе Ви покажат како треба да изгледа финалниот резултат. На Вас останува да го осмислите механизмот на извлекување на цветовите/фотографиите од хартиената саксија. Среќен ден на Вашата мајка!