Иако во последно време се повеќе и повеќе се застапени тврдењата дека телевизијата ни ги пере мозоците, но кога станува збор за филмовите, ситуацијата е сосема поинаква. Филмовите не учат на многу животни приказни, историски и културно не воздигнуваат, како што и ја подобруваат фантазијата и креативноста. Покрај тоа, филмовите често знаат да инспирираат. Погледнете некои од нив…
1) Independence Day (1996) – President Whitmore Speech
Вонземјаните ја нападнаа Земјата. Во текот на еден хаос, претседателот им се упатува на своите пилоти да посегнат по она што треба да се изврши. Во контекст на 4ти Јули, тој зборува за тимска работа, слобода и не откажување.
2) Gladiator (2000) – As One
Поранешниот Римски генерал Максимус го организира малиот собир на гладијатори и го поттикнува за заедничка успешна борба. Кој остане сам на себе, умира.
3) Braveheart (1995) – William Wallace
William Wallace, водачот на бунтовните Шкоти, го охрабрува својот народ да се бори за својата слобода и да не мине нити ден повеќе во ропство. Поинспиративен е фактот дека овој говор е всушност историски од самиот William Wallace.
4) Network (1976) – Mad as Hell
Овој говор е од отпуштениот новинар Howard Beale кој упатува на тоа дека луѓето не треба да се чувствуваат немоќни да и се спротистават на медиата и политиката во светот.
5) Peaceful Warrior (2006) – Take out the trash
Ѓубрето е единственото кое пречи на патот од она што е важно… моментот сега!
6) Rocky (1976) – It Ain’t How Hard You Hit
Еден од најинспиративните родителски говори упатен кон своето дете.
7) The Legend of Bagger Vance (2006) – Authentic Swing
Caddy Bagger Vance дава совет за тоа како треба да погледнеме во себе си, за да ја откриеме својата вистинска природа.