Во пресрет на сезоната пролет/лето, најновиот каталог на британскиот бренд Laura Ashley ќе ви ги згрее срцата со прекрасната колекција за освежување на домот. Линијата претставува неколку различни стилови во ентериерот, комбинирајќи ги мотивите од англиската природа и бескрајната љубов кон домот. Свежината и сензуалноста на пастелните нијанси, боите на розата, зеленото јаболко, нежно сината, жолтата, и поинтензивните тонови на флоралните принтови го оживуваат романтичниот амбиент, блескав и полн со детали. Текстилот на завесите и ѕидните тапети, пак, потсетуваат на раскошна градина, расцутена со хортензии, божури, винова лоза и птици. Керамички детали со кантри шарм, ленени подни прекривки во рустичен стил и плетени додатоци – вистинска идила за внесување на пролетната магија во домот. Безброј изненадувања, со убави идеи и нови инспирации за сезонско освежување на вашиот дом, спакувани во пролетна збирка со деликатен дизајн. Уживајте во глетката, и одберете ја вашата омилена тема!