Во овие времиња кога нештата не се плаќаат според нивната вредност, 10 годишно момче влегува во слаткарница и седнува на една маса. Келнерката доаѓа да го послужи и му носи чаша вода.
„Колку чини еден сладолед?“, праша момчето. „50 денари“, одговори келнерката. Момчето ја вовлече раката во својот џеб и ги изброја монетите во истиот. „А колку чини обичен сладолед?“, повторно праша. Неколку луѓе чекаа на другите маси и келнерката стана малку нетрпелива. „35 денари“, му одговори грубо. Момчето повторно ги изброја паричките и кажа дека сака обичен сладолед. Келнерката му ја донесе порачката, ја остави сметката на маса и си замина. Момчето го изеде својот сладолед, плати на каса и си замина.
Кога келнерката се врати, таа почна да ја брише масата и едвај ги прибра солзите што ѝ надојдоа поради тоа што го виде. Таму, уредно поставени покрај празната чинија, беа оставени 15 денари. Нејзиниот бакшиш.