Нашата претставничка на овогодинешната Евровизија која ќе се одржи во Копенхаген, Данска – Тијана Дапчевиќ, вчера ја презентираше песната со која ќе не претставува.
Музиката за песната ја подготвија Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, додека Димитров стои и зад аранжманот и продукцијата. Текстот за македонската верзија го напиша Елена Ристеска, додека за англиската верзија со наслов „To The Sky“ се погрижија Елена и Дарко, во консултација со Лаура Роска од Романија.
„Во моментот кога Македонската Радио Телевизија објави дека јас ќе ја претставувам Македонија на Евровизија, добив повеќе од педесет понуди за песни од целиот Балкан. Ниту една од нив не ми се допадна, освен трите песни кои ги добив од Дарко. Се одлучивме за повеселата и поведрата“, изјави Дапчевиќ. „Многу верувам во песната, сигурна сум кога ја пеам и сигурна сум во добар пласман“, додава таа.
http://www.youtube.com/watch?v=grZ7vPQ_y8M