За дополнително да се подгрее атмосферата пред враќањето на Игра на троновите на HBO, за креативниот публицитет кој ги украси улиците на Лондон се должни дуото улични уметници кои себеси се преставуваат како Joe and Max.
Со фотографии на Joe Pepler, оваа нетипична уметност успеа да го натера секој еден од минувачите да застане и да позира за фотографирање како се искачува на Ѕидот, замислувајќи дека се Џон Сноу. „Знаевме дека треба да направиме нешто навистина посебно за да се вклопува во идејата за троновите, за феноменалниот и страшен Ѕид кој ги брише живите од светот… “, велат момците од дуото, додавајќи дека за жал, оваа инсталација ќе трае кратко време.