Со користење на илјадници страници флексибилна хартија којашто најчесто е застапена во огромните именици, Li Hongbo создава впечатлива хартиена уметност. Позначајните дела во нејзиното досие се неконвенционални склуптури и фолк симболи, како и последната нејзина колекција. Како студент по склуптура, Li Hongbo секогаш се трудела да ги рекреира класичните ремек-дела, при што набрзо сфатила дека перцепцијата на јавноста за скулптурите е релативно заедничка, затоа што набљудувачите не би можеле да се претпостават дали се работи за оригинал или реплика на оригиналот.
Така се раѓа нејзината идеја за оваа колекција, со намера да се тестира општата перцепција на обичните набљудувачи – така што, секој еден од нив се стекнува со можност да ја доживее хартијата на револуционерен начин. Со техника под влијание на неговата фасцинација со со традиционалните кинески декорации изработени од бројни слоеви хартија, Li Hongbo применува една нетипична структура за да формира извонредно флексибилни скулптури. Користењето на нејзиното експертско знаење за предностите и мааните на хартијата му помага да ја трансформира истата и да ја користи како медиум.