Запознајте ја Isabelle, девојката која собира спомени. Таа сама патува наоколу, фотографира, ја бара смислата на нејзиното постоење. Да, тоа е длабоко и предизвикувачко патување за неа, чии авантури и соништа ги запишува во својот дневник и постојано ја бара својата поврзаност со природата…
Bruno Noaro го создаде овој неверојатен краток филм, поттиќнувајќи го секој сонувач да верува во своите цели, да ја следи страста, да се натера себе си да доживее нови искуства и никогаш, ама баш никогаш да не дозволи да биде заробен од правилата и општествените норми.