Жените постојано тежнеат кон совршенство и перфекција. Посакуваат изглед како девојките од насловните страници; совршено тело и совршен лик. Но дали тоа навистина постои? Неколку жени доброволно се вклучуваат во т.н. Photoshop експеримент; за нивниот изглед се погрижуваат професионалци и застануваат пред објективот на професионални фотографии. Сепак на фотографиите се забележуваат нивните недостатоци кои подоцна се отстранети со Photoshop. После магичната обработка, конечно на фотографиите тие изгледаат како што посакувале, како лик од насловна страница. Но, тоа всушност не се тие, тоа е само лажна претстава за нив и не им дава некое задоволство освен да се запрашаат дали навистина сакаат да изгледаат така или да уживаат во сопствениот изглед?