Кај нас се помалку можеме да видиме деца како играа фудбал низ маалските улички, но во Африка децата играат фудбал насекаде, сонувајќи дека ќе бидат следниот Меси или Дрогба. Без технолошкиот напредок кој го имаме овде ќе помислите дека тоа е единственото што им останува, но во видеото ќе ја забележите страста која овие деца ја имаат кон фудбалот и насмевките на нивните лица кои токму фудбалот ги предизвикува. Видеото е режирано од страна на Lea Amiel, а снимено е во Сенегал, на улиците низ Дакар – местото каде се раѓаат соновите поврзани со фудбалот.